АктуелноВидеоОхрид

(ВИДЕО) Туристичкиот сектор од Врњачка Бања и ХОТАМ потпишаа договор за соработка – контретните чекори ќе се прецизираат на состанок во Охрид

Претставници од Туристичкиот сектор од Врњачка Бања и ХОТАМ од Македонија, Ѓорге Макујевиќ и Крсте Блажевски, вчера на Белградскиот саем потпишаа договор за соработка во туризмот. Целта на договорот е размена на туристи и искуства.

„Се сретнавме со колегите од Врњачка Бања и се одлучивме да потпишеме договор за соработка. Имаме многу да понудиме, но можеме заедно да работиме на проблемите, истакна Крсте Блажески од ХОТАМ.

И Макујевиќ се надева на плодна и успешна соработка со Македонија.

„Луѓето кои дојдоја од Македонија ги препознаа нашите блиски контакти кои ги имавме во минатото, но го препознаа и новиот развој кој го имаме во моментов и сакаа да воспоставиме каква таква соработка. Така дојдовме до договор од кој бенефит можеме да извлечеме и ние, но и ХОТАМ од Македонија. Тие не се безначаен туристички фактор, доста се силни кога станува збор за носење туристи во Охрид кој е и центар за туризам таму“, истакна Ѓорге Макујевиќ од Туристичкиот сектор од Врњачка Бања.

Двете страни потписници на договорт се надеваат дека на овој начин колку толку ќе го ублажат ударот од пандемијата.

„Мислевме дека се е готово, но еве се појави нова криза. Поскапува се има инфлација. Токму поради тоа овој договор многу ќе ни помогне“, вели Блажески.

Соработката која се започна ќе биде добра и за поврзување со турските туристички агенции. Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот вели дека секогаш може повеќе и подобро. Тој додава дека на овој начин може побрзо да се дојде до туристи од регионот со заедничките тури.

„Кога се во прашање Српските туристи во Македонија секогаш ги има многу, а Македонските туристи ги има се повеќе во Србија, така да ова вмрежување и тоа како е значајно кога е во прашање туризмот. Нашите искуства, но и искуствата од Врњачка бања на овој начин можеме да си ги споделиме и да добиеме поголем и позначаен производ“, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

Првиот чекор по потпишувањањето на договорот помеѓу Туристичкиот сектор од Врњачка Бања и ХОТАМ од Македонија ќе бидат состаноци во Охрид, но и во Врњачка Бања на кои ќе се договар контретните чекори .