Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.246 тестови, а регистрирани се 322 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 178, Битола – 31, Кавадарци – 19, Велес – 17, Куманово – 12, Прилеп – 11, Струмица и Кочани – по 9, Делчево – 8, Охрид и Кичево – по 6, Гевгелија и Ресен – по 3, Неготино, Радовиш, Берово и Богданци – по 2, Валандово и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (322), регистрирани се 42 реинфекции.
Регистрирани сe 308 оздравени пациенти од: Скопје – 191, Охрид – 22, Битола – 21, Прилеп – 19, Куманово – 12, Кавадарци – 11, Струмица и Штип – по 4, Гевгелија, Гостивар и Струга – по 3, Велес, Кичево, Радовиш и Богданци – по 2, Неготино, Валандово, Крива Паланка, Дебар, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (86г), во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица, од: Скопје (1), Гостивар (1), Куманово (1), Тетово (1) и Битола (1), на возраст од 66 години до 87 години. Од пријавените починати лица, 3 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 25.02.2022 год. до 22.03.2022 год.
Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај 5 лица се регистрирани коморбидитети.