АктуелноОхрид

Пецаков: Руинираните јавни површини се враќаат во фукнција

Јавните површини, кои подолг временски период беа руинирани и запуштени ќе се враќаат во функција, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

-Откако службите на Општина Охрид извршија увид и ја утврдија состојбата во која се наоѓаат, плоштадот кај Мини маркет, пешачките патеки канал Студенчишта – хотел Парк, Лабино – Канео, Лабино – Воска – Даљан, детските и повеќенаменските игралишта на цела територија од Општина Охрид, се пристапи кон изготвување на план и се утврди динамиката за нивна санација. Согласно изготвениот план и динамиката, зафатите за реконструкција ќе започнат од идната недела.
➡Додека за оштетувањата на делови од коловозот и тротоарите кои беа настанати во изминатиот период на улиците кои беа реализирани пред околу една година, „15-ти Корпус“ и „Јане Сандаснки“, Општина Охрид се договори со изведувачот на градежните работи да се санираат сите овие пропусти во најкус можен рок и без дополнителен трошок за Локалната самоуправа, вели Пецаков.