АктуелноОхрид

СВР трага по изчезнатиот Охриѓанец, доколку имате било какви информации привете во СВР

СВР трага по изчезнатиот Охриѓанец. Во кусото соопштение од СВР се вели:

-На 22.03.2022 година во СВР Охрид пријавено е дека В.Ќ.(57) од Охрид се оддалечил од семејниот дом. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Инаку како што објавивме вчера Владо Ќосески, последен пат е виден вчера, 21 март во 13:00 часот. Излезен бил на пешачење, облечен во темно сина јакна, темно сиви фармерки, плави патики, носел плетено капче. Виден е на градскиот кеј, во близина на хотел „Тино“.
Се замолуваат сите граѓани, доколку го виделе или имаат информации кои можат да помогнат за негово пронаоѓање, веднаш да се јават на телефонскиот број 075/424-255.