АктуелноОхрид

Семејство од Украина најде засолништво во Струга во домот на Алберт Хани

Познатиот струшки активист Алберт Хани во својот дом во Струга угости семејство од Украина. Руската инвазија на Украина предизвика милиони Украинци да ги напуштат своите домови, главно жени, постари лица и деца. Повеќето од нив заминале во соседните земји како Полска, Молдавија и Романија, но има значителен број што пребегнале во други европски земји, но и на Балканот, пишува VOX Струга.

Според податоците, има и неколку украински семејства кои веќе нашле засолниште во Северна Македонија, додека досега прв потврден случај во нашиот град е на семејство згрижено во куќата на Алберт Хани.

Фотографијата на Фејсбук ја објави уште еден професор и активист од Струга, Ндерим Положани.

„Првото украинско семејство во Струга доаѓа до великодушноста на семејството на Алберт Хани. Почит“, напиша Положани.

извор: VOX Струга.