недела, ноември 24, 2024
Наш ИзборОхрид

Донесен правилник за доделување еднократна парична помош на физички лица, оперативен зафат надвор од државата до 15.000 денари

Советникот од ВМРО ДПМНЕ Перчо Божиноски ја образложи одлуката за донесување Правилник за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица за следната намена:

Еднократна помош за лекување:
– Со оперативен зафат надвор од државата доколку оперативниот зафат не е покриен од фондот за здравствено осигурување до 15.000 денари;
– Надвор од државата до 9.000 денари;
– Со оперативен зафат во државата до 5.000 денари;
– Со соодветни испитувања во државата до 3.000 денари.

Еднократна помош на семејства настрадани од елементарни непогоди (пожари, поплави, земјотреси) во висина до 30.000 денари.

Еднократна помош за новороденчиња, и за прво и за второ новороденче по 5.000 денари.

Социјални пакети во прехранбени продукти и средства за одржување на хигиена во вредност до 3.000 денари по семејство, вели Божиновски.