АктуелноОхрид

ОВР Струга кај 20 годишен жител од Дебар, пронајде и одзеде 100 парчиња сигнални куршуми

На 10.03.2022 година во 17.50 часот во ОВР Струга, приведен е 20 годишен жител од Дебар. При извршен преглед врз патнички автомобил „Фолксваген“ со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа вкупно 100 парчиња сигнални куршуми калибар 9 милиметри што, нелегално ги поседувал. По целосно документирање, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.