АктуелноОхрид

Пецаков: За прв пат доделени стипендии на лица со ретки болести и посебни потребу во Општина Охрид

Оваа поддршка значи почеток на една поголема соработка и обезбедување на подобри социјални услови за лицата со ретки болести и посебни потреби како и за нивните семејства. Општина Охрид во согласност со можностите и законските регулативи за социјална заштита континуирано обезбедува поддршка на здруженијата и иницијативите за поголема инклузија на лицата со попреченост во општеството и дека ваквата поддршка ќе продолжи и во иднина, напиша на својот Фб профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Оваа година ќе се исплаќаат вкупно 31 стипендија во оваа категорија. Стипендиите за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести и посебни потреби се доделуваат по претходно распишан конкурс за период од 9 месеци во учебната 2021/22 година. Месечниот износ на стипендијата е 1500 денари за ученици и 3000 денари за студенти.