Во напис во медиумите конкретно во ОХРИД ВЕСТ, кој е превземен од Охрид 1, под наслов „ Седум кндидати во трка за претседател на СДСМ Охрид “ пренесена е и вест дека парафразирам ОХРИД ПРЕД СЕ биле прашани за претседателското столче, па дури генералниот секретар имал средба со претставници на ОХРИД ПРЕД СЕ каде се разговарало за обединување со СДСМ, се вели во дементот од ОХРИД ПРЕД СЕ.
Во продолжение истиот го пренесуваме во целост:
Ваквата вест, ја демантираме во целост, со оглед дека граѓанската листа ОХРИД ПРЕД СЕ е непартиска и самото име кажува ГРАЃАНСКА, која во овој момент партиципира во работата на Советот на Општина Охрид, како независна но и со подршка на актуелната мнозинска советничка група во Советот, за сите прашања кои се во согласност со нашите определби.
ОХРИД ПРЕД СЕ нема намера да учествува или да влијае на избор на партиски функционери во нити една партија, а уште помалку да се приклонува или припојува, обединува со партии со оглед дека голем дел од нашите подржувачи не припаѓале во нити една политичка партија а со тоа нема и со кого да се обединува.
Доколку, поединци, наши подржувачи, сакаат да се зачленат или да се вратат во нивните партии, тоа е нивни индивидуален акт,кој нема врска со делувањето на ОХРИД ПРЕД СЕ.