Под мотото „Дарувај крв, спаси живот, биди нечиј херој“, утре ќе се одржи крводарителска акција во Службата за трансфузиона медицина во Општата болница.
Акцијата ќе се одржи во периодот од 09:00 до 12:00 часот.
– Ги охрабруваме сите ученици кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија, велат од охридскиот Црвен крст.