АктуелноОхрид

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација гледа кривични дела во однесувањето кон еврејската група Лев Тахор, социјалните мрежи „горат“

38-те припадници на еврејската секта Лев Тахор не може да најдат ниту ден мир во Македонија која се фали со традиционална гостопримливост и толеранција. Групата која се облекува традиционално и практикува ортодоксна вера, за 10 дена мирот го побара во трет град во државата. Најдоа сместување во хотел во близина на Охрид, но неколку локални жители веќе почнаа да шират параноја низ локалните медиуми и социјалните мрежи, објави Телма.

-Не знам што е чудно. Група американски жители бараа престој и договоривме. Медиумите прават проблеми иако Охрид е туристичко место во кое има традиционална гостопримливост. Сите се занимаваат со овие луѓе, а никој не се занимава со тоа што килограм јаболки е еден денар. Проблемите во местото ги прават двајца пијаници, а јас како верник почитувам секоја вера, ни изјави сопственикот на хотел во Охридско каде е сместена групата Лев Тахор.

Но работите земаат и уште полош правец, па на тик ток се појавија две видеа кои ги сатанизираат припадниците на групата споредувајќи ги со сцени од хорор филм и таква музика.

Видеата на профилот под име Мујооо (mujoo000) биле прегледани околу половина милион пати. Од комисијата за спречување и заштита од дискриминација која отвори постапка по сопствена иницијатива велат дека станува збор за говор на омраза што треба да го гони обвинителството.

Текстот во целост на: Телма.