По повод месецот на ретки болести, Ги Запознаваме Ретките Болести, денес остварив средба со Гордана Лолеска, претседателка на здружението ,,Ретко е да си редок“, напиша на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и додаде:
Разговаравме за поддршката која Општина Охрид ја дава за лицата со ретки болести. Годинава за прв пат во општинската програма за социјална и здравствена заштита се воведени стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести, кои учат и студираат во државни и приватни училишта односно универзитети.
Обоивме по една дланка како симбол на поддршка за 5% од пациентите со ретки болести кои имаат пристап до лекови, со надеж и порака дека наредната година ќе може да се обезбеди пристап до лекови за 10% од лицата со ретки болести.