Дупка се отвори на новиот тротоар на улицата “Јане Сандански” во Охрид. Граѓаните за да се избегнат последици истата сами ја означија ставајќи гранка во дупката која е под бекатон плочките кои сеуште стојат залепени една за друга додека под нив е празен простор.
Но, по објавата на Охрид 1, експресно реагираа од ЈП Нискоградба. Тие веднаш излегоја на терен. Директорот на ЈП Александар Трпеноски за Охрид 1 вели дека теренот веќе е обележан како опасна зона и истиот ќе биде саниран во најбрз можен рок.
Ова покажува дека Јавните претпријатија се достапни и активни 24/7 што значи граѓаните доколку имаат потреба или забележат некој дефект веднаш треба да ги известат истите. Ова е доказ дека екипите се постојано на терен.