АктуелноОхрид

Ангел Велкоски избран за претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Денес на Извршниот Комитет на УМС ВМРО-ДПМНЕ по предлог на претседателот Сергеј Попов го избра Ангел Велкоски за претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

-Голема е честа, а уште поголема одговорноста да продолжиме да го градиме и да го развиваме најбројниот и најсилниот политички подмладок во Република Македонија.  Од младите започнуваат промените, тие се изворот на добри и успешни политики, нашата сила е спој на знаењето, одлучноста и енергијата. Како УМС ОК Охрид остануваме најцврста гаранција за младите и младинските политики во Охрид. Уште во нашата кампања за локалните избори се обврзавме дека Охрид има да е град во кој младите ја гледаат својата иднина тука. Светла иднина за подобро утре на сите млади.  Целта која ја зацртавме е локалните проекти да бидат насочени кон подобрување на животниот стандард на секој еден млад човек во Охрид. Промените се остварија, проектите започнаа, победите се надоврзуваат, истакна новиот претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Велкоски.