АктуелноОхрид

Две лица тешко повредени во сообраќајка кај с.Подмолје

На 12.02.2022 во 10:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Подмолје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички возила „опел“, управуван од 66 годишен жител од с.Требеништа, општина Дебрца и „мерцедес“, управуван од 3 годишен Охриѓанец, двете со охридски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „мерцедес“ и 6 годишен жител од с.Требеништа, сопатник во возилото „опел“, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи.