Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Лидија Петкоска, е меѓу десетте најактивни пратеници во Собранието на Република Македонија.
Ова го покажува Извештајот од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јули – декември 2021), во издание на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје, од авторките Влора Речица и Александра Јовеска Ѓорѓевиќ.
Според извештајот, пратеничката Петкоска во посочениот период се јавила за збор 42 пати, а зборувала 234 минути.
“Од вкупно 120 пратеници, да се биде во првите 10 НАЈАКТИВНИ пратеници, значи дека сме имале што да кажеме и не сме молчеле.
Ви благодарам мои Македонци за целата поддршка и ви ветувам дека и понатаму ќе вложувам максимален труд за доброто на нашата Македонија.
Човекот не е она што мисли дека е, ниту она што сака да биде! Човекот е она што ќе го постигне со РАБОТА”, напиша Петкоска на Фејсбук.