News1.mkВидеаОхридПоследни Вести

(ВИДЕО) VOA: Пенизонер од струшко веќе четири години самоиницијативно го чисти снегот од локалните патишта

64 годишниот пенизонер од струшкото село Мислодежда, Љуљзим Мена, веќе четири години самоиницијативно со свое возило, на кое има поставено плуг, го чисти снегот од локалните патишта кои водат до десеттината села во регионот на Струга, објави VOA, Глас на Америка.

Локалните жители велат дека Мена по некогаш и двапати поминува територија од педесеттина километри за да помогне во отстранувањето на снегот.Честопати стигнува прв, пред да дојдат дури и оние кои се должни да ги исчистат патиштата. Мена е пензионер, кој својот работен век го поминал во Швајцарја, но пред неколку години повторно се враќа во својот роден крај.

извор: VOA, Глас на Америка.