АктуелноОхрид

Општина Охрид се вклучи во националната кампања „Ги запознавме ретките болести 2022“ – зградата осветлена во боите на ретките болести

Со вечерашното осветлување на зградата на Општина Охрид во боите на ретките болести се вклучуваме во националната кампања „Ги запознавме ретките болести 2022“.

✅Во боите на „ретките“ вечерва светна и Самоиловата тврдина којашто ќе биде осветлена цел месец. Со тоа се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици.

✅Во обид за глобална солидарност на Светскиот ден на ретките болести, 28 Февруари во 19 часот по локално време секој човек може да го декорира својот дом со боите на ретките болести, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.