АктуелноОхрид

(ВИДЕО) ЈП „Охридски комуналец“ со песок ги посипува сокачињата во Варош и Месокастро

Ј.П.„Охридски Kомуналец” ги мобилизира сите оперативни служби со цел полесно справување со снежните врнежи. Екипите интензивно работат во расчистување на приодот кон Стариот дел на Охрид. Со песок се посипуваат и улиците и сокачињата низ Варош и Месокастро.

Покрај во стариот дел, снегот се расчистува од јавните пешачки површини во Чаршијата, стариот дел на градот,Булевар Туристичка,па се до Велестово, со цел да се обезбеди непречено движење на граѓаните.