АктуелноОхрид

Советот ја усвои предлог-одлуката за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните изложени на социјални ризици

Советот на општина Охрид на денешната седма седница ја усвои Предлог-одлуката за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.

Тоа значи дека општина Охрид ќе врши обезбедување на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општината, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици, соопшти денеска локалната самоуправа.

За таа цел деновиве ќе биде објавен Јавен повик за субвенционирањето на трошоците за комунални услуги.