петок, март 29, 2024
АктуелноОхрид

Велгоштанец тешко повреден во сообраќајна несреќа – излетал од патот кај месноста „Карпа“

На 29.01.2022 во 21.45 часот на магистралниот пат А3 Охрид-Кичево, кај месноста „Карпа“, патничко возилио „фиат“, со охридски регистарски ознаки, управувано од  43 маж од охридското село Велгошти, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото е извршен од страна на увидна екипа од полициска станица Охрид.