АктуелноВидеаВидеоИздвојувамеОхрид

(ВИДЕО) Репортажа на DW: Запознајте го Охрид, бисерот на Балканот

Дали сте слушнале за Охрид, „Бисерот на Балканот“? Градот во северна Македонија вреди да се посети – и кој подобро да ве запознае со него отколку локален жител, вака ја започна својата репортажа за Охрид DW Travel.

Домакин на екипата на DW и претставник на Охрид е Ѓоко Костоски кој пренесува совети што не треба да се прескокне во Охрид, почнувајќи со патување со брод на Охридското Езеро – едно од најстарите езера на земјата.

Зборува за кулинарско уживање, секако акцентот ставајќи го на вкусна охридска пастрмка.

Погледнете го видеото за да дознаете како езерото е поврзано со тајната на охридските бисери – популарни и кај туристите и кај членовите на кралското семејство. Ѓоко препорачува и посета на Самуиловата тврдина, и добро сочуваниот стар град. Средновековен Охрид – со своето богатство од културни споменици, цркви и манастири – бил свет центар на христијанството, познат како „Ерусалим на Балканот“.

 

https://www.youtube.com/watch?v=BBiZYJW7wbQ