АктуелноОхрид

Бектеши: Мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи ќе продолжи до крај на февруари

Министерот за економија, Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил информираше дека е доставен предлог до Владата, мерката за замрзнување цените на основните прехранбени производи да биде продолжена до крајот на февруари 2022 година.

„Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година“, напиша министерот Бектеши на својот Фејбук профил.

Владата на 4 декември 2021 година донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи како леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, а потоа листата на производи беше проширена и со јајца, ориз и тестенини.

Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.

Оваа одлука е со важност до 31 јануари 2022 година.