АктуелноОхрид

(ФОТО) Традиција која полака изумира – само неколку тезги кои продаваат честитки и новогодишни реквизити

Тезги со новогодишни честитки, новогодишни украси, балони, толпа народ низ улиците – вака во минатото изгледаа македонските градови во предновогодишната атмосфера. Доказ за оваа традиција која полака изумира се неколкуте тезги на плоштадот Чинар.

Охриѓани, но и гостите застануваат пред тезгите но само љубопитно ги разгледуваа честитките, потсетувајќи се на минатите времиња. На времето кога поштарите овој период имаа полни торби честитки. Сега кога времињата се променаа пораките за добро здравје и среќа во Новата година ги испраќаме елекстонски и тоа една иста СМС-честитка на испраќаме на сите пријатели.
Традиционалните новогодишни честитки кои речиси два века им беа омилен начин на многу генерации луѓе за честитање на нови години и божикни празници сега, поради мобилните телефони, компјутерите, Интернетот и социјалните мрежи, се пред целосно исчезнување. Поштенското сандаче сега е заменето со електронско, класичната пошта со електронска, со фејсбук-пораки, СМС-честитки…

Дефинитивно им доаѓа крајот на класичните поштенски новогодишни честитки, чиј историјат почнува во 1843 година во Англија, кога е направена првата честитка, која пред пет-шест години била продадена на аукција за 5.000 фунти или, пак, како нешто добро и старо, а ретрото често знае да биде модерно и во овие нови времиња, ќе успеат некако да опстојат?

Но, не само честитките, се промена навиката и за купување на новогодишни украси. Наместо, на дожд, снег и студено време од тезга, украсите ги купуваме во големите маркети и хоум центрите.
Некој ќе каже подобро е вака, да се сложуваме, но мора да се сложите дека и некогашната традиција имаше свој драж.