АктуелноОхрид

Пецаков: Првата година од вториот мандат ја поминавме во континуитет, нови капитални инвестиции и развој за Охрид!

Охрид е нашата гордост и наша заедничка одговорност. Првата година од вториот мандат ја одбележавме со засилена динамика, завршување на започнатите проекти и почеток на нови сериозни капитални инвестиции за подобрување на квалитетот на живот на сите охриѓани!
​Во сферата на инфраструктурата ги завршуваме започнатите проекти и започнуваме нови, дел од поголемите проекти се следните:
• Во тек е изградбата на современата катна гаража во центарот на градот.
• Целосно реконструирани плоштадот „Чинар“ и „Холандскиот парк“.
• Обновени улиците „Прилепска“, „Аџи Мустафа“, „Кленоец“ (со нова канализациона мрежа), како и патиштата кон Завој, Лескоец–Велгошти, Горно и Долно Лакочереј и Орман.
• Изградба на пречистителна станица во Трпејца за директна заштита на Охридското Езеро.
• Модернизација и автоматизација на пумпната станица „Метропол“.
Сектор образование и млади:
• Нова спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.
• Инвестирани над 100 милиони денари во целосна реконструкција на Гимназијата „Св. Климент Охридски“.
• Избрано е идејното решение за новиот Младински културен центар во поранешната касарна!
• Продолжува стипендирањето на ученици и студенти.
Спортот повторно остана високо на нашата агенда, а култура продолжи да ја добива поддршката која ја заслужува. Во оваа сфера имаме доста големи достигнување, а тоа се:
• Историски успех за нашиот спорт: ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп!
• Успешно реализирани јубилејни и традиционални изданија на Ohrid Wine Festival, Ohrid Water Festival и Ohrid Jazz Festival.
Особено сум горд што УНЕСКО ги препознава нашите искрени заложби и поради тоа донесе одлука со која охридскиот регион добиее дополнителен рок до 2031 година за спроведување на препораките и заштита на нашето наследство.
Продолжуваме уште попосветено да градиме современ, функционален и развиен Охрид!