Uncategorized

Пронајдена и одземена марихуана кај лице од Албанија во Струга

На 29.07.2026 во 21:00 часот на улицата „Јово Стефаноски Риле“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода лице на (30) од Република Албанија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

 

По преземени мерки, исто така, било констатирано дека нелегално престојувал во Струга.

 

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.