- ‼️ Мапирани 9 диви депонии на исти локации каде континуирано нашите служби интервенираат‼️
✔️ Одговорноста за здрава животна околина во нашите урбани средини и правилно депонирање на отпадот зависи од сите нас; За жал тешко се менуваат навиките кај поединци кои ги фрлаат во вода нашите напори за одговорно и безбедно депонирање на кабаст и зелен отпад и градежен шут; Постојано спроведуваме активности за подигнување на еколошката свест за почиста и поздрава околина, но постојано никнуваат депонии со несоодветно депониран отпад
✔️ Овој пат мапирани 9 диви депонии кај станбениот комплекс во Даљан, ул.,,Шар Планина”, населби Лескајца и Воска, ул.,,Дејан Војвода” и с.Трпејца, од каде се подигнати 48 м3 отпад
✔️ Со надеж дека вакви слики нема да се нашето секојдневие, сите заедно за почист и уреден Охрид
Редакцијајули 17, 2026
posted on














