АктуелноОхрид

Лице од Охрид проголтал паковка со наркотична материја пред полициски службеници, итно пренесен во Општата болница по што починал

На 08.07.2026 година во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е  лице на (32) од Охрид.

 

Тој, управувајќи патнички автомобил „Ренџ Ровер“ со чешки национални ознаки, не го сопрел возилото по даден знак од полициската патрола туку избегал и по дополнително преземени активности, бил застанат.

 

Притоа, полициските службеници во возилото го забележале  лице на (44) од Охрид кој веднаш проголтал опаковка со наркотична материја по што, му се влошила здравствената состојба.

 

Од страна на полициските службеници, повикана е Итната медицинска помош со чие возило  лицето  е пренесен во Општата болница во Охрид.

 

Таму, и покрај преземените медицински мерки, тој починал.

 

По наредба на јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција во Општата болница во Битола.

 

По насоки на јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.