АктуелноОхрид

Со Фестивалот на зурлата и тапанот синоќа во Вевчани отворено „Вевчанско Лето 2026“

Под мотото „30 години Општина Вевчани“, вечерва започна овогодишното издание на „Вевчанско Лето“ – манифестација која и ова лето ќе понуди богата програма исполнета со културни, уметнички, забавни и спортски настани.
Честа да ја отвори програмата му припадна на новиот Фестивал на зурлата и тапанот, во организација на Оркестарот со зурли и тапани Вевчани, кој преку звуците на традиционалните инструменти донесе вистинска празнична атмосфера.
Им благодариме на сите посетители и учесници кои беа дел од оваа прекрасна вечер и успешно го означија почетокот на „Вевчанско Лето 2026“.