На 08.06.2026 во ОВР Струга е извршен службен разговор со лице на (40) од едно струшко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот малолетен син.
Тој, на 09.06.2026 во 00:03 часот во ОВР Струга, пријавил дека неговата сопруга лице на (41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа.
По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на ул.ицата „Владо Малески“ ги затекнале децата како спијат.
Децата се предадени на таткото и по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.














