Uncategorized

Градоначалникот Пецаков подари икона „Вознесение Господово“ на црквата Св. Спас во Лескоец

По повод големиот јубилеј 600 години од изградбата на црквата „Св. Спас“ во Лескоец, денес, имав особена чест и задоволство, во мое лично име и во име на Општина Охрид, да подарам икона „Вознесението Господово“.
Ова светилиште со векови е сведок на нашиот опстој, вера и традиција. Шест века духовност се доказ дека Охрид има со што да се гордее, да го чува и да го негува за идните генерации.
Нека ни е честит и за многу години големиот јубилеј!