АктуелноОхрид

Кривична пријава за лице од Струга поради кражба на електрична енергија

ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (53) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Kражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
На 16.04.2026 година, при контрола на мерни броила на улицата „Туристичка“ во Струга, стручни лица од ЕВН Македонија подружница Струга, утврдиле дека пријавениот, од својот дом, неовластено извршил приклучување на мерен орман и противправно користел електрична енергија.