АктуелноОхрид

ЈП „Охридски Комуналец“ : Дивите депонии не се само грда слика, туку сериозна закана за здравјето на сите нас и животната средина

Одговорноста е заедничка, исто и финансиите коишто се трошат непотребно. Она што го делиме сите се и штетните ефекти од ваквиот нелегален начин на одлагање на отпад.
☎️ Доколку имате отпад којшто не знаете каде да го одложите контактирајте нѐ на следниов телефон 075397944!
🚯Дивите депонии не се само грда слика, туку сериозна закана за здравјето на сите нас и животната средина. Отпадот нелегално оставен на вакви места ја загадува почвата и подземните води, шири токсични материи и привлекува штетници и болести.
💶Дополнително, службите излегуваат на терен чистејќи ѓубришта, трошејќи огромни ресурси коишто припаѓаат на сите граѓани. Доколку граѓаните го одлагаат отпадот онаму кадешто е дозволено на начин којшто е прифатлив овие пари ќе може да се насочат кон овозможување поквалитетни услуги за сите.
🆘Одговорноста за нашето здравје и чистотата на нашето живеалиште зависи од сите нас. Со правилно одлагање на отпадот го штитиме просторот во кој живееме и спречуваме долгорочни последици кои сите ги плаќаме, како сега така и во иднина.