АктуелноОхрид

10-годишен малолетник донесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија со повреда на ногата од дијабола од воздушна пушка

На 26.05.2026 во 12.20 часот во СВР Охрид, од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија – Охрид е пријавено дека кај нив со повреда на ногата од дијабола од воздушна пушка е донесен 10-годишен малолетник од кичевско.

Извршени се службени разговори со таткото на малолетникот и нивниот сосед, кои изјавиле дека настанот се случил на 25.05.2026 околу 19:00 часот во дворот на соседот во селото Колари кичевско, при што детето само се повредило со  оружјето. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.