СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција пронајдоа и одзедоа повеќе пакуваља со кокаин.















