АктуелноОхрид

ЈП „Охридски Комуналец“ започнува со делење на жолти канти за селекција на пластика во домаќинствата

Почитувани граѓани, од  вторник 12.05.2026 год. започнуваме со проширување на мрежата за селекција на отпад со делење на жолти канти за селекција на пластика на домаќинствата кои живеа на улица “Дејан Војвода”, Охрид.
‼️ Екипата на Ј.П. Охридски Комуналец ќе ве чека позади Тамаро маркетот од 10.30 часот. Не заборавајте да донесете лична карта со место на живеење на таа улица, или лична карта од сопственикот на живеалиштето. За подигнување на канта за селекција на пластика ќе потпишете договор со кој се обврзувате кантата да ја користите за конкретната намена.
‼️‼️ Ве молиме земете предвид дека отпочнувањето на собирањето на селектиран отпад на дадената улица ќе биде дополнително споделен со вас. Засега комуналното претпријатие ќе се фокусира на делење на кантите, а подоцна ќе добиете и распоред за нивно собирање. Дотогаш, ве молиме чувајте ги кантите чисти и неоштетени.
🔈 Оние кои нема да можат утре да дојдат да ја подигнат својата канта ќе имаат можност да дојдат во просториите на одделот за механизација секој ден до крајот на неделата до 13.00 часот. Не заборавајте да земете документ за лична идентификација.
♻️ Отпадот е прашање што нѐ засега сите! Ви благодариме што правилно селектирате!