Петар во моментов e на контролен преглед во Германија, за контрола на неговата ретка болест. Бевме повикани од професорот Томас, кој го лекува. Потребни ни се уште 30 илјади евра за операцијата, кои за жал не можеме да ги собереме. Ако не се соберат, ќе мора да ја откажеме операцијата, а Петар без неа нема да може да застане на нозе и да вежба, а има и секојдневни болки. Докторот во Германија ни кажа дека за неговата болест, покрај лековите, за да биде подобар, мора интензивно да посетува физикална и роботска терапија. Операцијата е закажана за 16 јуни, информира мајката на Петар.
Сите кои се во можност, можат да донираат преку јавување на телефоните 143-161 (T Mobile) 9 143-479 (А1), како и преку уплата на трансакциска сметка 270-7000821760.21 Гордана Попоска HALKBANK. Може да се донира и преку линкот за донација на интернет, а сите од странство можат да донираат и преку GoFundMe.













