АктуелноОхрид

Пожар во сендвичара на ул. „Кеј Македонија“ во Охрид

На 25.04.2026 во 12:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во
сендвичара на ул. „Кеј Македонија“ во Охрид.

При тоа со изгореници се здобиле двајца вработени  лице на (39) од Охрид и  лице на  (30) од Битола, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицински центар Охрид. Се преземаат
мерки за расчистување на настанот.