АктуелноОхрид

Богати хуманитарни активноски на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца во 2026г.

ЗП на Општините Охрид и Дебрца согласно програмата за работа  и финансискиот план за 2026г. и одлуките на ИО продолжи со хуманитарни активности.

По повод Велигденските и Рамазански празници ЗП Охрид и Дебрца, набави и додели 120 хуманитарни пакети со прехрамбени и хигиенски производи како помош на пензионери со пониски пензии , болни и  изнемоѓтени, по предлог и оценка на одборите на месните ограноци. Хуманитарните пакети како помош им беа предадени лично на пензионерите при нивната посета во домовите на живеење од членови на месните одбори во 21 месен огранок на ЗП , при што им ги честитаа празниците , а од нивна страна изразија голема благодарност за остварената лична посета  од активнистите на месните ограноци како и доставената хуманитарна помош.

Исто така претставници од ЗП во состав од Васил Маркоски претседател на ЗП, Стефан Владимиров секретар, и Васка Ангелеска претседател на комисијата за здравство на 14.04. 2026извршија осета на лица кои претежно се пензионери кои се сместени во геријатриското одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид , каде по барање на геријатриското одделение ЗП Охрид и Дебрца набави и додели хуманитарна помош од чаршафи за покривање за креветите во геријатриското одделение , велигденски јајца, храна и други производи за сите сместени членови во ова одделение.

 

 

 

Комисија за информирање