АктуелноОхрид

Лишен од слобода Охриѓанец кој изнудувал пари за наплата на долг

На 15.04.2026 во 13:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија
од слобода лице на  (61) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од 43-годишен маж од
Охрид дека, со цел да наплати долг од лице кое на неговиот татко му должел поголема
сума на пари, го изнудувал да му даде 50.000 евра за да го наплати долгот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок.