АктуелноМакедонија

Мицкоски: Денес одбележуваме 34 години од постоењето на Царинската управа- институција која има клучна улога во функционирањето на државата

Во изминатите 20 месеци, Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење. Остварени се највисоки приходи досега, што е јасен показател дека институцијата функционира поефикасно, поорганизирано и со поголема одговорност.
Особено значаен е фактот што за првпат е надмината границата од 12 милијарди денари приходи во еден месец. Тоа е резултат кој не доаѓа случајно, туку е производ на системски пристап, засилени контроли и подобра координација.
Нашата цел е да продолжиме во оваа насока- со дополнително унапредување на капацитетите, со модернизација на системите и со создавање услови за побрза и поефикасна услуга за стопанството, но и со цврст пристап кон спречување на нелегалните активности.
Зад овие резултати стои трудот на сите вработени во Царинската управа. Вашата работа е значајна и видлива, а придонесот што го давате е од суштинско значење за функционирањето на државата.
Во име на тоа би сакал да Ви се заблагодарам за вашата посветеност и професионалност. Нека овој јубилеј биде поттик за уште поголеми резултати во периодот што следи.