Ученичката Михаела Милеска од Враништа постигна извонреден успех на регионалниот натпревар по физика, кој се одржа на 4 април 2026 година, освојувајќи максимални 100 поени и прво место.
Михаела до успехот дојде под менторство на наставничката Христина Пејоска Тренески, која значајно придонесе во нејзината подготовка и постигнување на овој врвен резултат.
Со освоеното прво место и максималниот број поени, Михаела обезбеди директно учество на државниот натпревар по физика, кој ќе се одржи на 6 јуни.
Од училиштето упатуваат искрени честитки за постигнатиот успех и и посакуваат многу среќа и уште поголеми резултати на претстојниот државен натпревар.













