Погребалното претпријатие Две Солзи информира дека извршило намалување на цените на сите услуги со цел да им излезе во пресрет на граѓаните во време на зголемени трошоци и поскапување на производите.
Од претпријатието посочуваат дека одлуката за намалување на цените е донесена поради тешката економска состојба со која се соочуваат многу семејства, особено во моментите кога се соочуваат со загуба на најблиските.
„Нашата цел е семејниот шок и болката поради загубата на најблиските да не се претвори и во финансиски шок. Затоа направивме калкулација и одлучивме да работиме со минимална заработка, со цел да им помогнеме на граѓаните“, велат од претпријатието.
Од „Две Солзи“ нагласуваат дека станува збор за лиценцирано погребално претпријатие кое располага со сите потребни документи за вршење на погребални услуги, додавајќи дека нивната работа се темели на професионален пристап и поддршка на семејствата во најтешките моменти.
Според нив, со започнувањето на нивното работење во Охрид се овозможува поголем избор за граѓаните и се создаваат услови за пониски цени на погребалните услуги.











