АктуелноОхрид

28-годишна жена раскинала со момчето а тој почнал да се заканува и да ја вознемирува, случајот пријавен во полиција

На 20.03.2026 во 21:35 часот во СВР Охрид 28-годишна жена од Охрид пријави дека  лице ,
со кого претходно била во врска, по раскинувањето на врската ја вознемирувал и неколку
пати физички ја нападнал, но настаните не ги пријавила во полиција.

И во текот на вчерашниот ден лицето  и се заканувал и ја вознемирувал додека си одела од работа, по што го пријавила случајот во полиција. СВР Охрид презема мерки за расчистување на
случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.