„Четвртиот акатист не воведува во една длабока духовна вистина дека човекот никогаш не е сам. Богородица стои покрајсекоја душа, што страда , што се бори, што паѓа и повторно станува. Но има нешто важно таа не го оцрнува страдањето, туку го преобразува. Таа не ни ветува живот без крст, туку ни покажува како крстот да стане спас кон воскресение“, истакна помеѓу другото на денешниот четврти акатист посветен кон Пресвета Богородица, отец Ристе Наумоски, во црквата Св. Никола во с. Враништа.




Бројните петтолебија кои вечерва беа приносени кон и во чест на Пресветата Богородица се само доказ за големата нејзина почит од страна на верниците.














