АктуелноОхрид

Нов дар- постоље „Распетие Христово“ за црквата Св. Никола -Долна Влашка Маала од Здружението на верници „Богојавление“ , при истата црква

Во црквата Св. Никола Долна Влашка Маала изработено е ново постоље за Распетие Христово, кое претставува значајно дополнување во уредувањето на светилиштето.

Постољето е донација од Здружение на верници Богојавление – долна влашка маала, чии членови со овој гест ја покажаа својата посветеност и поддршка кон црковниот живот и духовните вредности.

Од црквата изразија благодарност до дарителите за нивниот придонес, посакувајќи Божјиот благослов да биде со нив и нивните семејства, како и нивните добри дела да се умножуваат.