Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со претставници на Џудо клубот „Дрим“ – Струга, на која се разговараше за досегашните успеси на клубот, како и за предизвиците со кои се соочуваат во нивното работење.
На средбата беше истакната важната улога на спортските клубови во развојот на младите, промоцијата на здрави животни навики и афирмацијата на Струга на национално и меѓународно ниво.
Градоначалникот Ќура потенцираше дека Општина Струга останува силен поддржувач на спортот.
Новата Програма и Правилник за спорт, усвоени на последната седница на Советот на Општина Струга, воспоставуваат сеопфатна и систематска рамка за развој и унапредување на спортот на локално ниво. Со нив се обезбедува континуирана и транспарентна поддршка на спортските клубови, се поттикнува организацијата на спортски манифестации и фестивали како значаен дел од спортскиот и општествениот живот, а истовремено се создаваат можности за поддршка и афирмација на индивидуалните спортисти и нивните резултати.
Општина Струга продолжува да инвестира во спортот како двигател на здраво, активно и успешно општество.










