Веќе од 29 март воведуваме уште една линија од Охридскиот аеродром директно до Милано.
Овие авиолинии значи нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата.
Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај, со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации.
Остануваме силно посветена на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри.










