Вечерва, уште еднаш докажавме дека Охрид не е само град, туку симбол на меѓусебно почитување и хармонија.
Во организација на Општина Охрид вечерва се приреди ифтарска вечера, на која беа присутни претставниците на Исламската верска заедница, Дебарско-кичевската епархија, пратениците, советниците и нашите сограѓани.
Ифтарот не е само оброк – тој е мост. Ги премостува разликите и нè потсетува дека сите сме луѓе, сограѓани и пријатели.
Соживотот во Охрид не е само историја, туку наш идентитет и начин на живот.










