АктуелноОхрид

Клековски: Раководството на Св. Еразмо е посветено да се комплетира објектот во оваа година и ќе добие целосната поддршка на Фонд за здравствено осигурување на Македонија

Св. Еразмо е основан уште во 1950 година како Специјална болница за туберколоза на коски, денес вистински регионален центар за ортопедија, трауматологија и неврохирургија, најголем (според број на интервенции) надвор од Скопје.
Клучни услуги што ја прават оваа болница посебна:
✅ Ортопедија: протези на колк и на колено, артроскопија на рамо и колено, скоро комплетна палета на оперативни зафати од ортопедска хирургија,
✅ Илизаров метод за продолжување на екстремитети или решавање на несраснаати/инфицирани фрактури на долги коски 🦵🔧
✅ Трауматологија: комплетна хирургија и решавање на сите фрактури на долги коски, цела палета на спортска медицина ⚽🏥
✅ Неврохирургија: мозочни крварења, спинална хирургија (дискови, стенози на ‘рбетен канал, фрактури на ‘рбетен столб), тумори на мозок 🧠
✅ Радио дијагностика (магнет, компјутерска томографија); Видеоларингоскопија, фибероптичка бронхоскопија
✅ Интензивна нега со механичка вентилација
✅ Физикална медицина и рехабилитација: комплетна палета + базен 🏊‍♂️💆‍♀️
📍Ги опслужува пациентите од целиот Југозападен регион – од Ресен се до Дебар!
Зошто во многу предизвикувачки услови? Затоа што со врвни специјалисти и професионален тим постигнуваат одлични резултати, иако работат во стари објекти.
Тука судбината сакала решението да е на дофат – нов објект, но да нема решение, односно 95% завршениот објект стои незавршен од 2017 година. 😔
Раководството на Св. Еразмо е посветено да се комплетира објектот во оваа година и ќе добие целосната поддршка на Фонд за здравствено осигурување на Македонија. 🙏
Ова е одличен пример како со човечки фактор, стручност и посветеност може да се постигнат големи работи дури и во ограничени услови.
Благодарам од срце на раководството, сите доктори, медицински сестри и персонал! 👏❤️🩺